Македонија
3. April 2016 - 16:23

Проектот рурални аптеки продолжува

Досега се отворени 70 рурални аптеки во места до 3500 жители. Сите имаат склучено договор со Фондот за здравство.

Само во последните 6 месеци во овие аптеки издадени се околу 230.000 рецепти.

Со овој проект се опфатени над 180.000 жители кои немора да патуваат со километри за неопходната терапија, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Груевски истакна дека ВМРО ДПМНЕ паралелно работи на реализација на проекти и во градските и во руралните средини. Целта е да им се подобри животот и на луѓето кои живеат на село за да останата во нивното родно место.

Доколку има потреба Груевски вети дека ќе бидат отворени нови рурални аптеки и во други населени места.