Македонија
18. јуни 2024 - 16:34

Проектот Отворен Балкан применлив само на хартија

Втор ден молк од банките и Народната банка зошто лицата кои сакаат да работат во земјава преку Отворен Балкан,  не можат да  отворат трансакциска сметка на која ќе им легнува платата. 

Даниела Лончар од Србија мака мачи цел месец да обезбеди одговор од институциите , каде е проблемот и што треба да направи за да почне со работа во фирмата, која ја добила уште во мај. Додека ја шетаат од шалтер на шалтер, наместо на ветенатата позиција, хонорарно собира тутун во прилепско.

Сега е берба, па еве, јас сум благодарен што газдата ми обезбеди покрив над глава и еден оброк дневно, за да можам да преживеам. Иначе ќе треба да се вратам во Србија, вели Даниела Лончар, граѓанин од Србија

Даниела  ги има сите  потреби документи кои беа неопходни за да почне со работа. Добила и серификат со матичен број кој го издава МВР. Сепак, за отворње сметка во банка,  системот не го  препознава тој сертификат, ниту пак добила упаство од Централната банка, како да постапува со овие лица.

Инаку целта на Отворен Балкан беше ѓраѓаните од Србија., Македонија и Албанија полесна да можат да работат во трите земји, без да чекаат  на долгите процедури  за работан дозвола кои траат и по 3 месеци. Но праксата покажува  и дека  со Отворен Балкан,, процедурата е долга и неспроведлива .