Бизнис
10. March 2016 - 12:43

Проектот „Купи куќа за млади“ презентиран во Кочани

Пред граѓаните на Кочани синоќа беа презентирани проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ кои нудат можности за решавање на станбеното прашање.

- Општина Кочани за владиниот проект „Купи куќа за млади“ обезбеди соодветна локација во населбата Валог во која се урбанизирани 100 локации. Доколку интересот биде поголем, општината е подготвена да понуди дополнителни уште 100 локации во продолжение на оваа градежна зона, истакна Владимир Ананиев од Одделението за имотно правни работи во Кочани.

На презентацијата присуствуваа и претставници од Одделението за урбанизам на општината и од банките кои имаат свои филијали во Кочани.