Бизнис
8. October 2015 - 8:19

Проектот „Купи куќа, купи стан“ презентиран во Струмица

Повеќе струмичани, претежно млади брачни двојки, се запознаа со можностите што се нудат со проектот „Купи куќа, купи стан“ на презентацијата што се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“.

Претставници од градежни компании и од банки, вклучени во реализацијата на проектот,  ги објаснуваа можностите и условите за купување стан или куќа преку проектот. 

Можноста што ја дава Владата преку овој проект со субвенција за станбениот кредит за младиот Виктор Бабамов се повеќе од добри. 

- Ова беше убава можност директно да се запознаеме со условите од проектот „Купи куќа, купи стан“. Разговарав со претставници од градежниот и од банкарскиот сектор и на мислење сум да аплицирам за купување на свој дом, рече Бабамов. 

Во  проектот на Владата свој интерес најдоа и градежните компании. 

- Нашата градежна компанија „Жикол“ веќе ги почувствува првите ефекти од проектот „Купи куќа,купи стан“ бидејќи се зголеми бројот на граѓани, кои се интересираат за поволностите што ги нуди проектот.„Жикол# на клиентите им нуди двособни, трособни и четворособни станови со квадратури од 40 до 100 метри квадратни и во изминатиот период имаме склучено повеќе договори за продажба на станови преку овој проект, изјави Иван Бозов од маркетинг службата на компанијата. 

Поддршката се состои од доделување субвенции-неповратни средства за исплата на станбен кредит и може да достигне до 14.000 евра во зависност од  моделот кој ќе го изберат граѓаните.

Караванот „Купи куќа - купи стан“ претходно беше презентиран  во Битола, Прилеп, гевгелија, велес, Свети Николе, Охрид. Планирани се посети  и во Тетово и во Куманово