Македонија
24. August 2015 - 16:27

Проектите за ранливите катедории значат подобрување на животниот стандард

Навремено платени сметки, олеснето школување, подобри услови за домување. Преку социјалните мерки ,  државата значително им го  олеснува животот на семејствата од најранливата категорија. Долгогодишното спроведување на мерките се покажа успешно и во пракса. Жаклина Симиќ од Валандово  е задоволна од континуираното олеснување кое го добива од државата. Благодарение на помошта, таа денеска многу полесно живее и ги школува децата.

-Ние живееме 4 члена. Благодарни сме многу до владата што ни го покачија социјалното во јули за 10 посто. За струјата ни е качена помошта од 700 на 800 денари. Школарина за децата земав, сега ќерката ми заврши 4-та. Сега си продолжува помошта за другото дете. Редовно даваат, многу сме благодарни. Сега нивното школување ни е полесно, затоа што Владата дава книги. Не купуваме како порано. Ни плаќаат пари за школо12.000 денари, рече Симиќ.

Како самохрана мајка, Елизабета Ристова преку социјалната мерка за легализација на дивоградбите успева да обезбеди сигурен дом засебе и својот син. Вели дека државна  помош добиваат оние кои навистина имаат потреба.

-Добивам и месечно примање за електрична енергија. Многу сум благодарна на Владата на Република Македонија што го донесе законот за легализација на дивоградби, затоа што јас како самохрана мајка немав кров над главата. Имав едно објектче од мојот дедо кое не беше легализирано. Со помош на Владата која го донесе овој закон, јас можев тоа да си го легализирам и да си имам кров над главата. Многу сум среќна и задоволна. Ги охрабрувам сите, државата колку што може помага, но ние треба да се трудиме. Јас имам нива земено под концесија, си работам на таа нива. Фала на државата за толку. Не може тебе на државата да ти даде се, колку може помага, вели оваа мајка.

 Покачената социјална помош, зголемениот надоместок за енергетска сиромаштија, условниот паричен надомест за школување на децата, легализацијата на дивоградбите,  бесплатните учебници,стипендии, социјаните станови , се само дел од мерките кои владата ги спроведува,  се со цел олеснување и подобрување на животот на лицата од социјален ризик.