Живот
25. March 2019 - 14:47

Проектилот на НАТО го усмрти Марко во рацете на неговиот татко: Тој е најмладата жртва во бомбардирањето

 
Детството и животот на двегодишниот Марко Симиќ несреќно заврши на тој кобен 31. мај 1999 година кога во рацете на неговиот татко бомбите на НАТО удрија во станбената зградата во Нови Пазар. 
 
Ова дете, се воспостави дека е најмладата жртва за време на бомбардирањето во Југославија. 
 
Рдоните на семејството Симиќ се присетува како Марко само десетина дена пред бомбардирањето весело дувал свеќи на роденденската торта, трчкал околку куќа и си играл, пишуваат српските медиуми. 
 
- По прошетката низ градот, таткото Владан и Марко навратиле до продавница во таа зграда кога започнал нападот. Во моментот кога паднала бомбата, Владан го земал Марко во раце, обидувајќи да го заштити, но заедно настрадале, со кнедла во грло семејството се присетуваше за медиумите. 
 
Марко денеска би  имал 22 години, веројатно би бил трета година на факултет и би живеел живот достоен за еден млад човек.