Бизнис
2. October 2017 - 13:41

Проект за општо корисна работа во Кочани

Општина Кочани започна со активностите за реализација на проектот од  Програмата за општинско корисна работа, финансиски поддржан од  УНДП и Министерството за труд и социјална политика. Во проектот се вклучени и Агенцијата за вработување и невладината организација „Благородна  мисија“ од Кочани.

- Оваа програма во Кочани се реализира по четврти пат, а годинава преку проектот „Со добра волја кон подобро утре“ ќе бидат ангажирани 15 лица во социјалната сфера. Од нив 6 лица  ќе бидат ангажирани за работа со деца од предучилишна вораст и тоа  4 во градинка-негователки и 2 за воспитувачки во центар за едукативно воспитна работа во рурална средина овој пат во село Тркање. За грижа за стари и хендикепирани лица ке бидат ангажирани 6 лица додека отанатите 3  лица ќе работат во Центарот „Благородна  мисија“ и  во народната кујна, изјави Аника Илијеска Ѓоргиева од општина Кочани.

Лицата ќе бидат ангажирани со работа од шест месеци, ќе работат по 20 часа неделно, а за својата работа ќе добиваат соодветен надомест. За реализација на овој проект општина Кочани доби буџет од 558 илјади денари.