Проект за локална интеграција на Ромите
Зајакнување на државната администрација и капацитетите на процесот за локална интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселените лица е целта на проектот „Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи“ кој денеска беше промовиран во ЕУ Инфо центарот и финансиран од Европската унија.
Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика информира дека проектот е започнат во јануари оваа година, а ќе се реализира до јуни 2017 година.
- Активностите на проектот опфаќаат значителен дел за поддршка на политиките за ревизија на состојбите на општините за креирање на одржливи локални политики за Ромите на локално ниво, истакна Камбери и додаде дека активностите се насочени и кон имплементација на постојните политики на национално и локално ниво.
Според Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Македонија проектот има за цел да го подобри квалитетот на животот, пристапот до услуги и да придонесе кон создавање на еднакви можности за ромите.
- Проектот ќе анализира домување, социјални и други програми во земјата како и сите проблеми со кои се соочени Ромите. Ќе се обезбедат и обуки за институциите кои што се одговорни за имплементирање на националните политики за ромите, појасни Клауке.
Порача дека мора да се разбие циклусот на дискриминација, исклучување и сиромаштија кај ромите. Инвестирање во еднакви можности, според Клауке, дава голем поврат. Нагласи дека затворањето на разликите меѓу ромите и со другите националности, бара долгорочна посветеност, адекватни ресурси и усогласени активности на локално, национално и европско ниво.
Проектот вклучува три главни активности. Поддршка на националната институционална структура на Стратегијата за Роми и Декадата за вклучување на Ромите. Поддршка на локалната структура за креирање на политики за Роми и градење на институционални капацитети и пристап до пазарот за бегалци и внатрешно раселени лица.
Во пописот од 2002 година како Роми се изјасниле 53.879 лица и 3.713 како Египќани. Спорд УНХЦР заклучно со декември 2015 година има 18 признаени и 495 лица под супсидијарна заштита, како и дополнителни 171 лице во бегалска ситуација. Ромите бројат најголемо мнозинство на лица во сите три категории.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите