Македонија
14. December 2016 - 8:42

Проект за јакнење на капацитетите за спроведување Рамковна директива за отпад

Почнува Твининг проект за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните текови на отпад. Проектот е финансиран од Европската унија.

По повод почнувањето на проектот денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се одржи церемонија на која ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети.

Проектот ќе го имплементираат експерти од Обединетото Кралство и од Шпанија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.