Македонија
10. October 2017 - 11:38

Проект за аудио тура и инклузија на лицата со попреченост во Кривопаланечкиот музеј

Со грант од Мировниот корпус на САД во Македонија, во Кривопаланечкиот музеј ќе се реализира проект за инсталација на аудио-тура низ музејот, а ќе опфати и олеснување на пристапот на лицата со попреченост до музејот.

- Чест ми е да го најавам првиот грант што го обезбедив од страна на Мировен корпус САД, како волонтер на градскиот музеј. Набавена е опрема која ќе биде инсталирана во музејските поставки за да се реализира проектот за аудио-тура низ истите, што ќе биде на шест различни јазици: англиски, македонски, албански, ромски и турски и француски јазик. Истовремено со проектот ќе се реализираат активности до областа на историјата за сите 3.000 ученици од градот, но музејот ќе стане и инклузивна институција за сите посетители, изјави Кајл Батчер, волонтер на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка од Мировен корпус на САД во Македонија.

Волонтерот на Мировен корпус ќе биде во кривопаланечкиот музеј до октомври 2018 година, а ова е прв проек што тој го обезбеди за институцијата, што ќе помогне за инклузија на една ранлива категорија лица.

- Нашиот музеј е член на Балканската мрежа на музеи која има посебна подгрупа-инклузивни музеи во која ние сме партнери. Токму во оваа група се развиваат вакви содржини и практики за инклузија на лица со посебни потреби и на лица со попреченост во музеите. Токму овој проект ќе го надоплони она што во моментот го работиме, а тоа е реновирање на поставките и презентација на истите со современи аудио-техники. Проектот се надоврзува во тој аудио дел, да с енаправи аудио тура низ музејот без употреба на водич, а аудио турата ќе биде на повеќе јазици. Истовремено за ранливите групи со оштетен вид и други, ќе има и насоки за движење низ музејот, дел од легендите во музејот ќе бидат обработени со браево писмо и ќе има тактилни предмети кои ќе им бидат на располагање, информира Драган Величковски, директор на Градски музеј, Крива Паланка.

Посочи дека сите активности се во насока на унапредување на институцијата, за да може да прими што поголем број лица, до најразлични категории, за што ќе бидат поставени и две пристапни рампи во монтажна -подвижна форма, едната на главнито влез на музејот, другата на влезот на градската уметничка галерија.