Македонија
12. July 2017 - 8:47

Проект „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”

Проект „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” ќе биде промовиран денеска во Инфо центарот на Националниот парк Галичица.

Почетокот на новиот проект, финансиран од ЕУ и УНДП, вреден 4,3 милиони евра, ќе го промовираат министерот за животна средина Садула Дураку, aмбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон.