Македонија
5. October 2017 - 12:29

Проект од витално значење за тој дел од Аеородром: Долно Лисиче доби атмосферска канализација

Од Општина Аеродром информираат дека Долно Лисиче ја доби првата атмосферска канализација во должина од 1.800 метри која минува на улиците „1„ и „20“.

Од таму велат дека таа е од витално значење за жителите од овој дел на Општина Аеродром, затоа што овозможува собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.

Останува уште да се санираат прекопите од изградбата на атмосферската канализација на истата улица, што се очекува да почне наредниве денови.