Бизнис
16. December 2019 - 16:46

Проект на УСАИД за бизнис климата: Според 40% од бизнисмените таа е влошена, за 36% непроменета

Влошена е бизнис климата во земјава, сметаат речиси 40% од  анкетираните 600 компании , покажува истражувањето на УСАИД. Подобрување има само за  13 отсто, додека  36 %  се изјасниле дека  е непроменета во однос на минатата година. Еден од најголемите проблеми за водење бизнис е сивата економија и правната несигурност. Подобрувања се потребни во регулативата за даноци, инспекцискиот надзор, јавните набавки и  работните односи, смета бизнисот.

Повеќе од половина од компаниите изјавиле дека не се задоволни од трудовото право. 80% не се задоволни од правната регулатива во градежништвото и вадењето дозволи. Слични бројки има и во областа на царината, како и во  даночната политика. 

Компаниите сметаат дека мерката опомена -  па казна дава резултати. Над половина од фирмите добиле опомена, а глоба платиле 28%.  Сепак , проблем им е инсистирањето на инспекторите да се најдат неправилности, непрофесионалното однесување и курупцијата.

Најмногу ги посетувале инпекторите од УЈП, Државниот инспекторат  за труд и пазарниот инспекторат.  Подобрувањеза бзинисот има во вклученоста  во  носењето законски измени  во бизнис регулативата, како и во соработката со стопанските комори  и нивната  зголемената активност во застапување на низнис интересите.. Инаку  истражувањето се прави четврта година по ред., а опфатени се компании од различни дрејности и со различна големина.