Проект на општина Новаци за подобрување на локалните услуги
Општина Новаци ги почна градежните активности за уредување на коритото на поројот во село Гермијан чија должина е над 220 метри.
Средствата за оваа инвестиција во износ од седум милиони денари се обезбедени од македонската Влада, трансферирани преку Центар за развој на пелагонискиот плански регион.
-Во овој период ја реализираме втората фаза која е континуитет на првата кога беа уредени 806 метри од коритото на поројот, а за што поддршка имавме од ИПА фондовите. Со реализацијата на овој проект во иднина ќе нема поплавување на куќите и дворовите на локалното население кои се наоѓаат во близина на поројот. Со овој проект ќе има зголемување на приносите од земјоделието, намалување на загадувањето на сливното подрачје на река Црна и ќе се подобрат условите за живот на жителите, истакна Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Во реализацијата на регионалниот инфраструктурен проект индиректно се вклучени и општините Битола и Могила, информираа од тамошната локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени