Македонија
1. March 2019 - 8:42

Проект – Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд“

Проектот Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд“ денеска ќе биде претставен во Канцеларијата за млади на Општина Центар.

Проектот е во организација на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“, а со поддршка на Општина Центар.

Овој проект ќе го претстават градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, претседателката и основач на здружението „Проект Среќа“ Кристина Арнаудова и актерката Благица Ристов, задолжена за работата на студиото.