Македонија
15. July 2015 - 8:36

Проекција на шведскиот филм „20 годишнина од полуматура“

Во Менада клубот во Старата чаршија вечер ќе биде прикажан шведскиот филм „20-годишнина од полуматура“ во режија на Ана Одел.

Филмот ја преминува границата меѓу фикацијата и реалноста. Самата Ана Одел ја игра главната хероина во филмот употребувајќи го сопствениот идентитет и животна приказна за да продре во неискажаната и невидлива хиерархиска структура. Одел ги покренува прашањата поврзани за матретирањата, стравот, храброста, идентитетот и припаѓањето.

Во филмот станува збор за прослава на 20-годишнината од полуматурата на која не е поканета само Ана Одел, која била исмевана во текот на првите девет години од нејзиното школување. 

Филмот започнува со тоа како би изгледала прославата на полуматурата доколку и Ана била поканета. Вечерата станува хаотична и Одел, која се глуми себеси, е избркана. Во вториот дел од филмот, Одел го поставува дејствието како сценирана, замислена ситуација, како “mise en scene”, на која потоа ги кани своите реални соученици да го изгледаат првиот дел и отворено да дискутираат за нивното заедничко минато.

Филмот се прикажува во соработка на Амбасадата на Шведска со Менада клубот. Преведен е на англиски и на македонски јазик  и трае 89 минути.