Македонија
6. July 2017 - 17:35

Продолжуваат земјотресите во Охрид

По релативно мирната ноќ во Охрид и околината утрово повторно нови потреси.Во 11 часот и 12 минути беше регитриран земјотрес со јачина од 3,8  степени според Рихтер со епицентар на 7 километри од селото Јанкоец,додека претходно во раните утрински часови имаше два потреси со послаб интензитет од 2,5 до 2,6 степени . Тлото кое постојано се тресе предизвикува вознемиреност и паника кај граѓаните.Кризниот штаб е постојано на терен а надлежните апелираат на смиреност.

Од Итната помош посочуваат дека се спремни да интервенираат и работат со полн капацитет.

Инаку во охридскиот регион од 18 минатиот месец до денеска регистрирани се над 1000 земјотреси.Најсилниот беше во понеделникот во 13,18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала.