Фудбал
26. November 2019 - 16:13

Продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите

 
По три неделна пауза продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони. Денеска и утре на програмата се дуелите од претпоследното 5.коло по групи. 
 
Во пресрет на оваа рунда, три тима, ПСЖ, Баерн Минхен и Јувентус, досега имаат обезбедено пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. 
 
На коло пред крајот на групната фаза, неколку дуели директно може да решат за пласман на екипите во нокаут фазата, но и за екипите кои преку освојување на третото место ќе продолжат со настап во Лига Европа
 
Вечерва тоа можат да го сторат уште четири екипи и тоа Реал кој во Мадрид го пречекува лидерот на табелата во А групата ПСЖ. Европскиот вице-првак Тотенхем кој во Лондон е домаќин на Олимпијакос, а во иста ситуација е и Манчестер Сити кој го пречекува Шахтјор во рамките од Ц групата. 
 
Во групата Ц во Торино, кај веќе пласираниот во осминафиналист Јувентус гостува мадридски Атлетико, кој доколку победи или пак одигра нерешено, но под услов да нема победник на дуелот Локомотив - Баер Леверкузен тогаш „јорганџиите“ се сигурни патници во нокаут фазата.
 
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 5.КОЛО (Вторник) 
 
Група А    ГАЛАТАСАРАЈ - БРИЖ 18,55 часот
                 РЕАЛ МАДРИД - П.С.Ж. 21:00 часот
Табела:  *ПСЖ 12, Реал 7, Бриж 2, Галатасарај 1
 
Група Б    ТОТЕНХЕМ - ОЛИМПИЈАКОС 21:00 часот
                 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - БАЕРН М. 21:00 часот
Табела: *Баерн 12, Тотенхем 7, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1
 
Група Ц    АТАЛАНТА - ДИНАМО ЗАГРЕБ   21:00 часот
                 МАНЧЕСТЕР С - ШАХТЈОР
Табела:  Манчестер С. 10, Шахтјор 5, Динамо 5, Аталанта 1
 
Група Д    ЛОКОМОТИВ М. - БАЕР Л. 18.55 часот
                 ЈУВЕНТУС - АТЛЕТИКО М. 21:00 часот
Табела: *Јувентус 10, Атлетико М. 7, Локомотив М. 3, Баер Л. 3