Македонија
29. July 2018 - 16:09

Продолжуваат скандалите во ФИТР

Фондот за иновации наградил проект и на долгогодишен член на СДСМ, обвинува опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Никола Мемов за добиените пари од фондот сам се пофалил на социјалните мрежи.

Епа јавноста во тој случај ја интересираат неколку работи

За која фирма од наградените Никола Мемов бил консултант и го подготвувал проектот?

Колку пари добила фирмата каде што членот на СДСМ Никола Мемов подготвувал проект?

Кој е сопственик на фирмата која што го ангажирала членот на СДСМ Никола Мемов и за каков проект се работи?

Дали ова е начинот на кој што имало влијание од страна на Никола Мемов врз неговите партиски колеги да го добие неговиот проект и каква награда земал за истиот?

Почитувани, Веќе од авион се гледа дека се работи за криминал на големо, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Мемов пак на социјалните мрежи уште пред неколку дена, потврдува дека ја изготвил документацијата на еден од проектите добитници на грант од Фондот за иновации.

Компанијата што го доби проектот не е во моја сопственост, ниту пак јас сум вработен во истата.

Се работи за консултантски ангажман за изготвување на проектната документација и ангажман при имплементацијата.

Апсолутно немам никаква заедничка точка на поврзаност ниту пак конфликт на интереси.

Што се однесува до мојот партиски ангажман кој е околу 25 години, тој е континуиран во целиот овој период (впрочем ние лично се познаваме од тој период) и апсолутно нема никаква врска со мојата професионална кариера, пишува Мемов на својот facebook.

ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска побара сите вмешани функционери во овој скандал да поднесат оставки веднаш, додека Основноти јавно обвинителство ги расчистува случаите.