Македонија
18. јуни 2018 - 21:12

Продолжуваат протестите пред Собранието

 Граѓани и вечерва се собираат пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата. 

Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.

Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот на државата, „Македонија“, „Едно име имаме“, и „Предавници“.