Македонија
11. August 2020 - 16:56

Продолжуваат преговорите за Влада - Ќе има ли мнозинство до петок?

По неуспешниот состанок за владина коалиција меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети преговорите меѓу партиите продолжуваат, откриваат вклучени во процесот. Според нив, средби во различни облици и нивоа меѓу СДСМ и ДУИ има и денеска.

„Темелно се дискутираат сите начела, приоритети и концепти“, вели преговарач од СДСМ за Сител. Извори од БЕСА пак, коментираат дека владината коалција ќе биде објавена за неколку дена. Според нив, засега со СДСМ од алабанскиот блок на партии во нејзе би влегле само БЕСА, ДУИ и ДПА.

Сепак, по вчерашните изјави на двајцата лидери јасно е дека најспорна точка меѓу СДСМ и ДУИ е премиерското место:  Дали тоа да припадне на кандидат Албанец или пак на Заев. Од партијата на Заев не сакаат во детали да коментираат за информациите дали на маса е и предлогот за подлеба на премиерскиот мандат меѓу СДСМ и ДУИ во формат 3+1, но децидни се дека од редот на СДСМ единствен кандитат за мандатар е Заев.

Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ кои исто така претендираат да формирата мнозинство велат дека тие се победничка партија во македонскиот блок и дека тоа лидерот Мицкоски му го соопштил и на Али Ахмети кој пак, дал предност во преговорите за Влада на СДСМ. Сепак, Мицкоски смета дека се уште има време за постигнување на договор за политичка Влада.

За коментарот на Заев по повод средбата на Ахмети само со албанските партии дека може да се направ ии спротивен табор на неалбански партии, Мицкоски вели дека не може Заев да зборува за македонската етничка платформа, но дека сепак би прифатил да разговара за идејата.

Од СДСМ пак, за албанската средба велат време е да се смени концептот на партиите од етнички во граѓански.

Од друга страна, се уште нема конечни одлуки кај албанските партии за тоа дали ќе се појават на состанокот со Ахмети закажан за четврток, симболично на денот на Рамковниот договор, но содржински посветен на постизборните коалици и положбата на албанскиот блок во идната Влада.