Продолжуваат преговорите за техничка влада, пратениците се подготвуваат за избори
Минатата година ја почнаа со промена на името на државата, оваа година ако падне договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за техничка влада ќе ја почнат со гласање уште третиот ден од годината. Народните избраници се подготвуваат за изборната година која за многумина ќе значи збогување со столчето во парламенот .
Најмногу промени се највуваат во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Поред најавите едвај 10 пратеници од овој состав би се нашол на листите. Координаторот Мицевски смета дека неговата група ја доживеала најтешката година, но задоволен е како сработиле. Доколку партијата побара, тој со задоволство повторно би бил координатор.
Но, да не се концентрираме на тоа дали било тешко или лесно, туку да ја научиме лекција, вели неговиот сопартиец Никола Поповски. Тој не исклучува повторно да биде пратеник.
Иако беше лицето на ДУИ во Собранието изминатите два мандата, Артан Груби најавува дека нема да биде на листите на интегративците.
Целосно повлекување од политиката највува и Лилјана Поповска од ДОМ. Емотивно признава дека додавањето на „северна“ на Македонија, иако го гласала, не го прифаќа.
За разлика од нејзе пратеничката Емилија Александрова, од пратеници излезени од ВМРО-ДПМНЕ вели дека не се кае за својата одлука за поддрка на промената на уставното име. Тврди дека ниту била уценувана ниту наградена од власта за ваквата одлука. За нов пратенички мандат не размислува.
Коментар дали е задоволна од мандатот побаравме и од Мира Стојчевска од СДСМ, најпрозивана и за патните трошоци и за вработувањето на блиски роднини. Стојчевска телефонски на два пати не известуваше дека е зафатена со обврски во Собранието. Затоа, пак, нејзиниот пратенички шеф е задоволен од нејзината работа, како и од работата на сите пратеници од неговата група.
И без гласањето за техничката влада, пратениците првиот месец од годината ќе треба да донесат важни одлуки, межу нив и најавената прдвремена ратификација за членството во НАТО.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар