Бизнис
10. October 2019 - 16:42

Продолжуваат преговорите за покачувањето на минималната плата

Минимална плата не пониска од 15 илјади денари., бара Синдикатот. На тој начин работниците ќе можат да ги задоволат барем основните животни потреби. 

Трудот да се вреднува со коефициент, според нивото на образование и стручност. Ако расте минималната, ќе има пораст и кај останатите плати, сметаат од ССМ.

- ССМ се залага за зголемување на минималаната плата која не треба да биде помала од  60% од просечната плата во земјава, или како што во моментов стојат работите, значи минимална плата од 15.110 денари. Исто така предлагаме да се донесе Закон за плати, каде трудот ќе се вреднува со коефициент. Минимумот, најниската  плата да го следи коефициентот, и секој работник да биде соодветно платен, според нивото на обрзование, стручност,  но да се следи и порастот на целата економија, потрошувачка кошница и просечната плата., изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ

Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата велат дека максимумот кој што можат да го дадат е 13,500, односно 14 илјади денари. Тоа е црвена линија над која не би можеле да издржат товарат, без да затворат дел од капацитетите. Вниметелно со зголемување на минималецот побара и Светска банка. Во најновиот Извештај велат дека платите мора да растат согласно продуктивноста, а кај нас таа опаѓа

- Континуираниот тренд на зголемување на платите особено во трудово интензивните дејности, заедно со намалувањето на продуктивноста на трудот во повеќето сектори ја загрозува конкурентноста на економијата, бидејќи единечната цена на трудот се зголемува“,.Затоа е неопходно внимателно да се анализира и мудро да се донесе одлука за висината на минималната плата, изјави Марко Мантованели, Светска банка.

Во моментов траат преговорите меѓу Владата, Синдикатот и работадавачите за зголемување на минималната плата, која сега изнесуваува 12.500 денари.