-->
-->
Продолжуваат натпреварите во македонската ракометна лига
-->
Во домашното ракометно првенство, односно Првата лига во машка конкуренција, денеска ќе се играат првите два натпревари од шестото коло.
Во Битола, екипата на Еурофарм Работник го пречекува вториот тим на Металург, додека во Скопје, составот на Вардар Jуниор е домаќин на Борец. Двата натпревари ќе започнат од 18 часот.
Во истиот термин утре во Битола закажано е дербито меѓу двете првопласирани екипи на табелата Пелистер и Охрид.
Еден час подоцна (19) ќе започнат и преостанатите два натпревари од ова коло, Прилеп - Работнички и Пролет - Радовиш.
Табела: Пелистер 12 бода, Охрид 12, Еурофарм Работник 9, Прилеп 9, Радовиш 9, Металург II 8, Пролет 7, Борец 4, Вардар Јуниор 3, Работнички 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите