Македонија
10. November 2019 - 17:07

Продолжуваат критиките на ставовите на францускиот претседател Макрон за НАТО и проширувањето

Брисел остро му се спротивстави на ставот на францускиот претседател Макрон дека НАТО е во кома, а ЕУ пред амбисот. Новата претседателка на Европската Комисија Урсула Фон дер Лејн порача дека Алијансата е најсилниот одбранбен сојуз во светот.

Фон дер Лејн но и шефот на германската дипломатија се согласуваат со макрон дека на Унијата и е потреба поцврста и посилна заедничка безбеднсона полтика, но не на штета  на НАТО. Во интервјуто за Шпигел Хајко Маас  ја предупреди Франција да не ја поткопува Алијансата.

- Ниту Германија ниту Европа  ке можат ефективно да се заштитат без САД. Неодговорно и опасно е одвојувањето на европската и американската безбедносна политика. Уште многу години ќе ни треба Алијансата  бидејќи  преставува симбол на споделување на  задничкиот товар, на меѓународна соработка и мултилатеризам.

А ако нема безбедност и сигурност во еден дел од  Европа, нема ниту на целиот континент, порачуваат десетина бивши министри за надворешни работи во писмо кое го објави Та неа. Во текстот се бара од ЕУ да не се откажува од интеграцијата на земјите од  Западен Балкан, а блокирањето на пристапните  преговори за Северна Македонија и Албанија се оценува како стратешка грешка.

Почетокот на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија, врз основа на нивните обврски е императив и за тоа треба да има согласност на следниот Самит на ЕУ. Паралелно, ја повикуваме ЕУ, на претстојниот Самит во Загреб да презентира нови алатки кои што ќе го зајакнат интегративниот процес на земјите од Западен Балкан, велат министрите.

Меѓу потписниците на отвореното писмо се поранешните шефови на македонската и грчката дипломатија Никола Поповски и Никос Коѕијас, поранешниот заменик канцелар и министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел како и други екс министри од регионот.