-->
-->
Продолжуваат јужноамериканските квалификации за СП 2018
-->
Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во Ла Паз, во кој селекцијата на Боливија ќе биде домаќин на Аргентина ќе биде отворено 14.коло во јужноамериканските квалификации за Светското фудбалско првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија.
Средбата меѓу Боливија и Аргентина ќе се игра во терминот од 22 часот, а еден час подоцна ќе започне дуелот Еквадор – Колумбија.
По полноќ на програмата се трите преостанати натпревари од оваа рунда во кои ќе се сретнат: Чиле – Венецуела, Бразил – Парагвај и Перу - Уругвај
На табела лидер е Бразил со 30 бодови, пред Уругвај кој има 23 и Аргентина со 22, а по нив следуваат: Колумбија 21, Еквадор 20, Чиле 20, Парагвај 18, Перу 15, Боливија 7 и Венецуела 6.
Првопласираните четири селекции директно ќе обезбедат настап на Мундијалот, додека петто рангираната ќе игра бараж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов земјотрес ја погоди Хрватска - епицентарот повторно во близина на Петриња
-
Прилеп: Приведен тренерот по џудо кој силувал малолетнички доверени за тренирање и воспитување
-
Кина гради голем центар за карантин поради коронавирусот
-
Силјановска-Давкова: Треба да имаме попис како стандардна статистичка операција по извесни правила, а не политичка операција со извесен резултат
-
Милошоски: Пи-ар агенциите на Филипче можат да ги изманипулираат граѓаните но не и неговите колеги
-
Хелге Браун: Новиот вид на коронавирус ќе стане доминантен
-
Обвинение против брат и сестра од Скопје за напад врз полицаец
-
Колони на чешко-германската граница поради новите мерки против коронавирусот