Продолжуваат инвестициските зафати на патната инфраструктура во Ресен
Реконструкција на улиците „Јосиф Јосифовски", „Борис Кидриќ" , „Ленинова" и „Корчуланска" во Ресен се дел од активностите за комплетно обновување на магистралниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.
Во рамките на овој проект почна асфалтирањето од излезот на селото Јанковец во правец кон Ресен, а целосно ќе биде реконструиран и делот од магистралата што води до сообраќајниот јазол Макази.
Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски изрази задоволство од динамиката на изведувањето на работите. Според него, темпото со кое се реализира проектот ветува негово завршување во предвидените рокови.
- Со зафатот ќе се реконструира коловозот на магистралниот пат и ќе се обложи со нов асфалтен слој во должина од околу пет километри, со што комплетно ќе се заокружи реконструкцијата на магистралниот пат Битола- Ресен – Буково, истакна Стрезовски.
Проектот го реализира Општина Ресен со финасиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а изведувач на работите е градежното претпријатие „Илинден" од Струга.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација