Македонија
5. August 2016 - 16:51

Продолжуваат инвестициите во проекти од културата

Над 500.000 артефакти од различни епохи се пронајдени изминативе неколку години. Тие се изложени во десетината нови музеи, а посетеноста  на музеите говори за нивната оправданост.

Министерката Канческа вели дека во тек се неколку крупни проекти  - проектот за обнова и реконципирање на музејските поставки, кој се реализира во 16 национални установи во земјава. По пауза од десет години постојана музејска поставка доби и Музејот на современата уметност во кој се изложени дела на домашни и странски автори од колекцијата на оваа институција. Нова музејска поставка има и во Етно село во Нерези во Куќата на Татарчеви во Ресен, како и на Куќата на Андонови во штипско Ново Село...

До крајот на годината ќе бидат завршени конзервација на архитектурата и фрескоживописот во повеќе цркви и џамии во земјава. За 2017 се најавува етнолошка поставка во Музејот на албанската азбука, реконструкција на споменикот „Илинден“ во Крушево, фрескоживописот во црквата „Св. Богородица Заумска“ во Трпејца и конзерваторски зафати во уште неколку сакрални објекти.