Македонија
19. March 2016 - 16:52

Продолжуваат градежните зафати на Плаошник

Интензивно се градат објектите На Плаошник кои треба да бидат дел од проектот за возообновување на Свети Климентовиот Универзитет .Моментално се оформуваат фасадните изгледи на Музејот ,Библиотеката и Центарот за Хуманистички науки а треба да се отпочне и со фасадите на манастирскиот конак и резиденцијата на кои ќе бидат испреплетени црковната и староградската архитектура.

Конзерваторските работи на фрескоживописот на црквата Света Богородица Перивлепта се очекува да финишираат до крајот на септември.

Завод и Музеј моментално работи и на конзервација на фрескоживописот на црквата Свети Ѓорѓи во центарот на  Струга која датира од средината на 13 век и Света Богородица Захумска која се наоѓа во непосредна близина на селото Трпејца на самиот брег на езерото.