Македонија
9. July 2015 - 17:39

Продолжуваат барањата за оставка на Заев

Барањата за оставка на градоначалникот на Струмица Зоран Заев продолжуваат. Група граѓани и денеска реагираа на неговото работење  и  како што велат   негрижата  и несовесниот однос  што тој  ги покажувал за општината.  Тие потенцираа дека со секој изминат ден се влошува и онака лошата состојба во која се наоѓале  инфраструктурните објекти во општината. Граѓаните  своите тврдења ги покрепија и  со изложба  на фотографии  поставена на градскиот плоштад, а на кои  беа прикажана лошата состојба на  дел од улиците во општината, објекти во некои  од населените места во кои се одржуваат културни настани, како и фотографии од диви депонии.

,, Хигиената на јавните површини во општината веќе е под секаков технички минимум и е алармантна. Диви депонии за смет никнуваат на секој ќош, дури и улиците во центарот на градот се ископани до непрепознатливост. Кал, ископани и неасфалтирани улици, диви депонии кои претставуваат потенцијален извор на заразни болести, ненавремено исчистени контенјери со смет,  тоа се новите обележја на нашата општина кои отсутниот градоначалник неможе да ги примети оти едноставно не му се приоритет.,, рече Ана Ангелова – жител на Струмица

Граѓаните го повикаа градоначалникот Зоран Заев да ја спаси Струмица од него самиот и да си поснесе оставка. Тие бараат  да бидат распишани предвремени локални избори оваа есен. Сметаат дека било крајно  време Струмица да добие градоначалник кој ќе се грижи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.