Македонија
19. јуни 2017 - 18:09

Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот Стакина чешма

Откриен нов објект со луксусзни подни мозаици на локалитетот Стакина чешма во Валандово. Објектот е датиран од  доцно римскиот период  и  се наоѓа на оддалеченост од само дваесетина метри од  сличен ваков објект откриен со претходните истражувања. Според археолозите кои  ги работат истражувањата окривањето на уште еден објект кој најверојатно бил луксузна палата  може да значи дека во минатото  на овој простор постоел град кој допрва треба да се истражува.

,, Се работи веќе за втор објект кој што исто така е со подни мозаици, укрсуван со фрески и кој што зборува исто така за еден поголем и луксузен објект. Имајќи ги во предвид и досегашните резултати од поранешните истражувања   може да се каже дека не се работи како што порано се мислело за еден објект туку јасно е дека се работи за повеќе луксузни објекти, можеме да кажеме и палати,  така што  станува збор најверојатно и за некој град кој што допрва треба да се истражува понатаму.,, вели Мила Шурбановска – советник во археолошки музеј на Македонија

Археолошкиот локалитет Стакина чешма во Валандово се наоѓа на околу педесет метри јужно од центарот на градот . Неговата големина и граници засега не се дефинирани и допрва треба да се утврдуваат со некои наредни истражувања. Истражувањата на локалитетот Стакина чешма во Валандово годинава беа реализирани од страна на тим археолози од археолошкиот музеј на Македонија.