Македонија
14. January 2020 - 16:47

Продолжува вековната традиција „Сурова“ во делчевско

Со посета на домовите на жителите на село Ѕвегор, денес во раните утрински часови започна василичарскиот обичај Ѕвегорска Сурова, традиција стара над 100 години која завршува со откривањето на невестата која е главна маска на карневалот.

Суроваскарите меѓу останатите куќи ја посетија и куќата на овогодинешниот кум, кој е задолжен за организацијата на заедничката веселба, која заедно со традиционалната суроваскарска вечера се организира во селскиот дом. За кумот Ѓорѓи Манов најважно е што и годинава обичајот продолжи во духот на она што од секогаш било карактеристично за Ѕвегорска Сурова.