Македонија
20. February 2019 - 9:38

Продолжува судењето за „Трезор“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот го води судијката Џенета Бектовиќ и се наоѓа во доказна постапка.

На минатите две рочишта  јавноста беше исклучена поради сослушување на двајца сведоци, вработени во УБК, поради опасност од оддавање на службена тајна.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.