Продолжува судењето за „Дива населба“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи петтото рочиште за судскиот процес „Дива населба“. Рочиштето требаше да се одржи на 2 март, но беше одложено поради немање услови за одржување на главната расправа во Судот.
Тројца од адвокатите на обвинетите тогаш ја напуштија судницата, поради, како што наведоа, лошите услови во кои се одвива судењето. Адвокатите се казнети со по 1.200 евра поради нарушување на редот во судницата и оневозможување на услови за одржување на главна расправа.
Адвокатите бараа да се исполни основното начело на фер, правично и јавно судење, односно на секој бранител да му се овозможи да седи до обвинетиот што го застапува, присуство на најмалку по еден од роднините на обвинетите, како и присуство на новинарите.
Првите две рочиште за случајот „Дива населба“ во кој се обвинети 29 лица се товарат за тероризам и учество во терористичка организација се одржаа во големата сала Врховниот суд.
Скопскиот Кривичен суд ги демантираше тврдењата на дел од адвокатите во судскиот процес „Дива населба“ дека судот не обезбедува услови за водење на постапката.
- Бидејќи Врховниот суд го одби нашето барање за користење на големата сала на овој суд, главната расправа се одржува во големата судница на нашиот суд каде се обезбедени сите неопходни услови согласно Законот за кривична постапка за водење на процесот, велат од Судот.
На судењето, како што се наведуваше во соопштението, освен обвинетите и нивните бранители, како и лицата задолжени за спровод и обезбедување, во судницата биле присутни и претставници на мисијата на ОБСЕ и Косовската амбасада.
- Дополнително, заради транспарентно и непристрасно следење и пренесување на случувањата во судницата, судот обезбеди видео-конференција од судењето за медиумите, во библиотеката на судот каде присуствуваа 23 новинари од различни медиуми, како и претставници на Хелсиншкиот комитет и Коалицијата – Сите за правично судење, се додава во соопштението. И покрај ваквата состојба, како што посочија од Кривичниот суд, во судницата биле обезбедени дополнителни 10 до 15 места предвидени за роднините на обвинетите кои побарале присуство како јавност.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово