Продолжува судењето за „27 април“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година.
Предвидено е во судницата да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери направени на 27 април.
На минатото рочиште на 17 октомври беше испитуван загрозениот сведок С1, кој околу три часа сведочеше пред обвинителството, а останатите речиси шест часа одговараше на вкрстените прашања на одбраната. Јавноста беше исклучена од сведочењето на загрозенот сведок, а обвинетите ги застапуваа и бранителите по службена должност и нивните адвокати кои беа казнети со по 1.000 евра поради непочитување на судот.
Денешното рочиште ќе биде прво по пуштањето од домашен притвор на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и нивното гласање за уставните измени во петокот во Собранието.
За случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово