Македонија
4. December 2015 - 8:49

Продолжува состанокот на Мешовит парламентарен комитет - РМ и ЕУ

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи 13-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија (МПК - РМ и ЕУ), што почна вчера.

На утринската сесија предвидено е обраќање на министерот за надворешни работи Никола Попоски. Членовите на Комитетот ќе го проследат и обраќањето на претседателот на Долниот дом на Чешкиот Парламент Јан Хамачек. Состанокот ќе заврши со усвојување предлог препораки.

На вчерашната сесија се дискутираше за евроинтеграциските процеси и актуелната мигрантска криза,  а се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.