Македонија
26. February 2019 - 13:38

Продолжува соработката во делот на културата помеѓу општините Белица и Македонска Каменица

Претставници на општина Македонска Каменица денеска присуствуваа на работна средба во Белица, Бугарија, општина со која во изминатиот период заеднички го реализираат проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“.

Проектот, како што информираше директорот на Културно информативниот центар Романса, Горан Огнановски се реализира во соработка со Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“.