Македонија
22. September 2017 - 16:25

Продолжува собраниската расправа, пратениците ќе гласаат за потребата од носење на нов закон за јазици

Вечерва до полноќ да се донесе потребата за носење на Законот за јазици, пратеничките кои се службено отсутни од работа да се вратат попладнето. Ова било дел од координацијата кај Талат Џафери за тоа како да се помине првата фаза од овој закон пред почетокот на кампањата за локалните избори. Нема план народните избраници да работата и викендот, велат од кабиентот на Џафери. Од понеделник пленарните сесии во Собранието се ставени на пауза. Ако биде изгласана потребата за законот за јазици, амандманската расправа треба да се очекува некаде кон крајот на октомври и почетокот на ноември.

Собраниската расправа денеска продолжи по ист терк како и во претходните денови, малку говорници и многу реплики и контрареплики. 

„Вашата партија тргнала по погрешен правец затоа што не разбирате што се случува. Не се работи за различни вистини се работи за нашите вистини, наспроти вашите лаги. Вие и вашето раководство сакате да избегате од одговорноста. Толку многу лажевте што никој повеќе во Македонија ништо не верува. Албанците сакаат да живеат во граѓанско општество, а вие ги истуркавте. Сакате само да живеете во минатото за да слушате и извршувате, оти такви му бевте потребни на вашиот лидер“ - изјави Атанасов.

„Законот го предлагате за да ги сокриете тендерите на Анѓушев, кои ги доби деновиве и тендерите на вашиот лидер Заев кој неодамна ја купи „Герас Цунев“. Но, за тоа медиумите не известуваа. Проценете кога бил медиумскиот мрак сега или тогаш. Медиумите не се занимаваа со овие теми. А за лаги и корупција вода може да ви носиме“ - изјави Ласкоска.

Милошоски пак, повторно влезе во дуел со пратениците од ДУИ објавувајќи нови детали за наводна корупција во редовите на интегративците.

„Излезете надвор и кажете го ова во спротивно овој пратеник е пратеник-страшливец бидејќи не може да биде повикан на кривична одговорност. Нашиот лидер кажа дека ако има длабока истрага за функцинери на ДУИ целиот имот и целото богатство да им биде конфискуван. Германски функцнери кога прашаууваа за вашиот имот велеа дека нивниот го спеччалиле пет гернации, а вие се за пет години.“ - изјави Аљими.

„Зошто во нкетниот лист не е пријавена новата куќата на градоначланикот Меџити во која живее, зошто не даде општината информација колку вработени во општина Чаир земаат плата, а не доаѓаат на работа. Вие подобро знаете и одмене на колку луѓе вработени по рамковен договор освен документи им се побарало и пари“. - изјави Милошоски.

Пратениците денеска во своите говори ја  споменуваа и планираната амнестија за затворениците, како и вчерашниот марш за почист воздух шегувајќи се дека Цацко го смислил сценариото заменик министерот за економија Макрадули да штрајкува против министерот Дураку.