Македонија
14. јуни 2016 - 17:02

Продолжува собраниската дебата за импичмент на Иванов

Пратениците и денеска расправаат за предлогот за импичмент на претседателот Иванов. Според пратениците од ВМРО ДПМНЕ Уставот е јасен и е ист за сите, претседателот постапил според правата и должностите предвидени во законите и уставот и со одлуката на Уставниот суд.

За СДСМ е нејасно како Иванов од март годинава се до последната објава за повлекување ги менувал ставовите и се повикувал на државните интереси. Според нив расправата за импичментот треба да заврши со давање можност да се изјасни судот кој ја штити уставноста и законитоста во  државата.

Унитети како партија која прва ја поднела иницијативата за одговорност на  претседателот како што велат,  бараат од Иванов кога веќе ја увидел грешката и ја повлекол аболицијата да си даде оставка. Од демократски сојуз пак предлагаат да се отвори расправа за системски промени во уставот околу надлежностите на претседателот на државата.

Над 70 пратеници  се пријавени  за збор а бројот на реплики постојано се зголемува. Дискусиите не се ограничени и рок за гласање по точката нема.