-->
-->
Продолжува шампионскиот танц на Сити
-->
Манчестер сити го забележа и својот 21. триумф едноподруго во сите натпреварувања, откако со 4:1 го совлада тимот на Вулверхемптон и се одвои на фантастични 15 поени пред Манчестер јунајтед на врвот на Премиер лигата, практично обезбедувајќи ја титулата уште на почетокот на март.
Но, за малку неверојатната низа на тимот на Пеп Гвардиола ќе застанеше против „волците“. Сити дојде во водство уште во 15. минута преку автоголот на Леандер Дондекер, а откако им беше поништен гол во првото полувреме поради офсајд, тимот на Нуно Еспирито Гомеш успеа да израмни со гол од глава на Конор Коуди.
Кога се мислеше дека серијата ќе застане на „заокружени“ 20 натпревари, на сцена стапи Габриел Жесус, кој по една убава акција, доби еден „отпадок“, кој сигурно го смести во мрежата. Со осигурана победа, Сити се „размавнаа“ во финишот – Ријад Марез во 91. минута зголеми на 3:1, пред Жесус со вториот гол во 95. минута да стави печат на мечот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност