Фудбал
5. March 2016 - 9:43

Продолжува серијата на Рома

Фудбалерите на Рома продолжуваат со серијата добри игри и резултати во Серија А. во првиот меч од викенд колото совладана е Фиорентина и тоа убедливо со 4-1. Мечот го обележа и кам-бекот на Тоти, за првпат по кавгата со Спалети.

езултатот на средбата го отвори Ел Шарави во 22 минута, три минути подоцна Салах погоди за 2-0, а Пероти во 38 минута ја столчи Фиорентина и најави дебакл. Поразот го ублажи Јосип Иличиќ од пенал пред самиот финиш на првиот дел, а Мохамед Салах, со својот втор гол на мечот, во 58 минута стави точка на блескавата победа.
 
Со оваа победа Рома се зацементира на третото место во Серија А со 56 бода, два помалку од второпласираниот Наполи. Фиорентина е четвртопласирана со 53 бода. Реваншот во ЛШ против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ волчицата го игра во вторник од 20,45 часот.