Бизнис
29. August 2017 - 16:26

Продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Продолжува рокот за легализација на дивоградбите изградени до март 2011 година. Новиот рок за аплицирање е од 01 јануари до 31 декември 2018 година. Дополнително, државата ќе даде шест месеци рок за граѓаните кои поднеле барање, но не ја комплетирале документацијата, тоа да го сторат до јуни идната година.

Следните четири месеци министертсвто и општините ќе можат да се подготват за од јануари да продолжи легализацијата, исто така во овој период општините се задолжени да ги известат граѓаните чиј процес не е завршен, да ги комплетираат документите и повторно да аплицираат.

Во Македонија според проценките има околу 440.000 дивоградби, а во претходниот рок беа поднесени околку 360.000 барања за легализација. За аплицирање ќе бидат потребни истите документи. Целиот процес на легализација треба да заврши до 2021 година.