Македонија
13. January 2016 - 8:27

Продолжува расправата за анкетната комисија за фалсификуваните лични карти

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за составот на Анкетната комисија за случајот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.

Пратеничката група предводена од СДСМ најави дека нема да учествува во работата на оваа комисија бидејќи според нив таа е нонсенс и контра комисијата за прислушувањето.

Пратениците од владејачката партија, пак, оценија дека СДСМ не сака да се формира оваа анкетна комисија затоа што се плаши вистината да излезе на виделина.

Покрај оваа точка, на дневен ред на 85. седница се уште околу 80 предлог законски решенија.