Македонија
3. December 2015 - 8:26

Продолжува периодот на стабилнo време со високи дневни температури

Времето  во Македонија ќе биде сончево, претпладне со слаба магла по котлините. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла.