Продолжува опозициската „окупација“ на полскиот Парламент
Опозициските пратеници, кои ја обвинуваат полската владејачката партија Право и правда (ПИС) за поткопување на демократијата и Уставот, веќе четврти ден ја окупираат Пленарната сала на полскиот Парламент.
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ќе се сретне со претседателот на Собраниието, Марек Кухчински и со лидерот на ПИС, Јарослав Качински, за да ја разгледаат ситуацијата.
Министерот за внатрешни работи Мариуш Блашчак пак, изјави дека протестите имаат за цел „да го блокираат државниот буџет и да предизвикаат политичка криза".
Од опозицијата наведуваат дека протестот е предизвикан од предлогот на Владата, да се ограничи пристапот на новинарите во Парламентот. Поради таа причина, викендов во Варшава и неколку други градови се одржаа и улични демонстрации.
Министерот за надворешнни работи Витолд Вашчиковски ги оцени протестите како „дело на разочарани опозициски политичари, кои не можат да прифатат дека не се повеќе на власт“, пренесува ТАСС.
- Некои западни медиуми ја пренесуваат состојбата на чуден начин. Опозицията веќе некое време го планира и подготвува блокирањето на работата на Парламентот. Ова што се случува не е спонтана реакција, изјави Вашчиковски.
Премиерот Беата Шидло пак, смета дека опозицијата се обидува да ја урне Владата така што ќе ги убеди Полјаците дека таа е слаба и не работи доволно добро.
Ново на Сител
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина