Фудбал
3. November 2015 - 7:53

Продолжува Мурињо шоу, нова казна и суспензија од ФА!!!

Фудбалската асоцијација на Англија (ФA), поради недолично однесување го суспендира менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, на еден натпревар.
 
ФА, исто така, му изрече и парична казна на Португалецот, во износ од 40.000 фунти.
 
Независната комисија ја разгледала тужбата која била поднесена против Мурињо, а која се однесувала на неговото неспортско однесување кон судиите на натпреварот со Вест Хем, одигран на 24. октомври. Мурињо ја признал вината, а потоа ФА му ја изрече казната.
 
Инаку ФА ги отфрли обвинувањата против помошникот на Мурињо, Силван Лур, кој на споменатиот натпревар беше исклучен во финишот на првото полувреме.