Бизнис
12. December 2015 - 16:09

Продолжува мерката за финансирање на обуки за дефицитарни занимања

Обуките за дефицитарни занимања продолжуваат и догодина. Државата веќе обезбеди пари за усовршување на нови 650 лица. Поради ефикасноста на проектот интерес има и кај бизнис секторот и кај невработените. Многу млади  преку проектот успеале да го зголемат своето знаење и вештини и полесно да дојдат до работа.

- Огласот за аплицирање треба да излезе веќе во јануари. На него можат да се пријават сите невработени лица кои се најмалку еден ден пред објавата на огласот евидентирани  во Агенцијата з авработувањ.  Програмата за обуки ја спроведуваат приватни компании, стопански комори, занаетчиски комори. Обуката трае три месеци. А државата на секое лице коие с еобучува ќе му ислпаќа по 6.200 денари. По завршувањето на обуката тие ќе се стекнат со сертификат, рече  Алекснадар Ѓорѓиев- портпарол на Влада

На огласот кои ќе биде објавен невработените лица ќе можат да аплицираат за обуки од областа на турстички водичи, градежни работници, продавачи, угостителу, текстилни работници, пекари,. Новина во овој оглас е и тоа што со огласот ќе бидат опфатени и обуки за професии кои им се потребни на странските компании.

Целта на програмата е да се зголеми вработувањето. Според досегашните анализи 60 отсто од лицата кои се обучувале се вработиле.