Кошарка
16. January 2016 - 15:32

Продолжува кошаркарското првенство на Македонија

 
 
 По три неделна пауза продолжуваат натпреварите во кошаркарскиот шампионат на Македонија. 
 
Во Првата лига на програмата се средбите од 13.коло. 
 
Од 18 часот во Струмица истоимената домашна екипа го преекува составот на Кожув, додека час подоцна (19) во Куманово гостува Работнички.
 
Утре од 19 часот во гевгелија ќе играат Бест – Фени Индустри.
 
Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, колото ќе биде комплетирано во среда (20 јануари) со дербито меѓу двете првопласирани екипи во кое Карпош Соколи ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со пампионот. 
 
Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 7-5, Фени Индустри 6-6, Кожув 6-6, Работнички 5-7, Струмица 3-8 и Бест 0-12