Кошарка
3. May 2016 - 9:21

Продолжува кошаркарскиот плеј оф

Со денешните два натпревара продолжуваат возбудувањата во кошаркарскиот плеј оф. Се играат третите натпревари од 1/4 финалето што значи дека доколку Куманово и Фени Индустри постигнат победи ќе се пласираат во полуфиналето.

Во Кавадарци од 18 часот почнува дуелот меѓу Фени Индустри и Кожув, а кавадарчани водат со 2-1 во добиени натпревари.
Од 19 часот е почетокот на дуелот Куманово - Работнички, каде Куманово има предност од 2-1. На претходните два дуела од плеј офот меѓу овие ривали победи постигнуваа гостинските екипи.
Евентуалните мајсторки би се играле на 6.мај (петок).