Македонија
19. јуни 2019 - 20:49

Продолжува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп

Проблеми со водоводни цевки предизвикале проблеми и доцнење во изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, во делот од Градско до Дреново.

Веќе се на 30% прогрес, им излегоа проблеми со водоводни цевки, во проектот имало две, а излегле 11 кога почна да се работи. Не смеевме да ги исклучиме до октомври бидејќи се наводнуваше, требаше да почекаме да се изработи еден проект. За Градско е веќе споена големата Фи 400, до петок треба да заврши до двете села што се околу нив, истакна Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

За другиот дел, кај Фаришката клисура проблемите со експропријацијата и археологијата биле надминати и сега може да се работи.

- Има две размислувања за еден спорен дел, кој што се работи на Градежен факултет каде што е предложено првично тунелско решение, а сега има еден проект од шпанска фирма каде се предложува виадукт од страната и ќе продолжат со работа на чист терен, истакна Китанов.

Директорот Китанов заедно со министерот за транспорт и врски Сугарески денеска извршија увид на рехабилитацијата на патот Битола – Демир Хисар. Покрај патната инфраструктура во пелагонискиот регион, Сугарески рече се работи и на железничката. Се очекува во најбрз временски период да биде пуштена во употреба пругата од Битола до Лерин.

- Треба да дојде до поврзување на оптичкиот кабел од Трубарево до Битола. Многу ми е битно, на патната инфраструктиура да обезбедиме безбедност, тоа е за нас најбитно. Бидејќи е завршена изведбата, согласно тестирањата, согласно договорот на возните редови кои ги има двете држави мислам дека во најбрз временски период ќе биде пуштена во употреба, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Исто така најавија и дека тече тендерот за изведувач за изградба на заштитна ограда против бучавост на обиколницата над Битола.